Унгарскиот премиер Виктор Орбан е еден од ретките европски политичари кој отворено му изрази поддршка на Доналд Трамп во пресрет на претседателските избори во САД.
Орбан му додели одликување на Дејвид Корнстин, американскиот амбасадор во Будимпешта, на крајот на неговиот мандат, при што рече дека „ние посакуваме победа на Доналд Трамп“ и воедно му честита на именувањето на новата судијка во Врховниот суд Емји Кони Берет – што е голем политички успех на Трамп во пресрет на изборите. Орбан беше првиот политичар од Европа кој го поддржа Трамп и на изборите во 2016 година, кога малкумина веруваа во неговата победа.

Освен Орбан, единствено уште неговиот близок политички сојузник, словенечкиот премиер Јанез Јанша, се изјасни во поддршка на Трамп. Другите лидери во источна Европа потајно навиваат за истиот успех, додека некои политичари од западна Европа му изразија поддршка на демократскиот кандидат Џо Бајден, но малкумина се подготвени отворено да се определат.
Потегот на Орбан покажува како односите меѓу Унгарија и САД напреднаа во првиот мандат на Трамп и се издигнаа на највисоко ниво во подолг период.

Во 2019 година Орбан доби покана од Трамп да го посети во Белата куќа, што беше прва таква покана за унгарски премиер во подолг временски период.

Орбан е цврст човек и многу почитуван – изјави Трамп, а американските медиуми подолг период потоа пишуваа како Орбан успеал да ги крене унгарските национални интереси на агендата на Белата куќа, во случаи како односот кон Украина, и имигрантските прашања во Европа – имајќи предвид дека и Трамп и Орбан се познати како поборници на цврсти гранични политики и строго контролирана имиграција.

Од друга страна, Бајден упати јасни закани до Унгарија и Полска, двете клучни земји во источноевропската Вишеградска група, со што најави дека доколку победи САД ќе ја обноват политиката на мешање во внатрешните работи на европските држави од времето на Обама и ќе ги помагаат левичарските протестни движења и партии.

На еден од неговите ретки предизборни митинзи, Бајден ги спореди Унгарија и Полска со Белорусија и други „тоталитарни режими“. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека коментарот на Бајден „нема допирна точка со реалноста“.

Во 2018 година, администрацијата на Трамп и укажа чест на Унгарија со именувањето на Корнстин како личен избор на претседателот за амбасадор во Будимпешта.

Претседателот на САД традиционално има право да именува одреден број лица надвор од дипломатската служба за амбасадори – вообичаено се работи за блиски пријатели на претседателот кои служат како негови лични застапници, и Корнстин, бизнисмен од Њујорк со потекло од Унгарија, беше еден од избраниците на Трамп. За разлика од некои од дипломатите од Стејт Департментот кои ги поддржуваат левичарските политички опции, Корнстин изгради коректен однос со Орбан и неговата десничарска партија Фидеш. Корнстин ја поддржа Унгарија во нејзиното суверено право самата да го регулира високо-образовниот процес, откако милијардерот Џорџ Сорос бараше да се сменат унгарските закони за да ја задржи привилегираната положба на неговиот ЦЕУ универзитет во Будимпешта.