На воениот аеродром Батајница во Белград пристигна првата пратка од тенковите што Русија ги донира за Србија. Тие се дел од контингетот од 30 тенкови Т-72МС, што се руска донација за Србија.

Како што изјави поранешниот министер за одбрана, Александар Вулин, Србија тенковите Т-72 ги доби како донација во рамките на воено-техничкиот договор постигнат меѓу претседателите Александар Вучиќ и Владимир Путин.

Освен овие тенкови, Како дел од овој договор, Србија од Русија доби и 30 оклопни возила БРДМ-2, од кои некои веќе се пристигнати во Србија. овие оклопни возила, како и тенковите, се модернизирани пред да и бидат доставени до Војската на Србија.

Рускиот воен експерт Фјодор Болдирев оцени дека тенковите Т-72 што ги доби Србија имаат заедничка база на советскиот Т-72, но и неколку заеднички нови компоненти и агрегати од руско производство, што ќе ја олесни заедничка експлоатација во Србија.

За условите на Балканот на Србија не и требаат посовремени тенкови, имајќи ги предвид слабостите на армиите на соседните земји – вели Болдирјов за Спутник.

Како дел од воено-техничката соработка, Србија набави и авиони МиГ-29, хеликоптери Ми-17 и Ми-35 и системи за против-воздушна одбрана „Панцир“.