Главниот американски имунолог, Ентони Фуачи соопшти денеска дека доколку сѐ помине како што треба, првите дози на вакцини ќе бидат достапни за високороизичните групи во САД кон крајот на декември или почетокот на јануари.

-Првиот увид во вакцината би требало, се надевам, да го имаме во наредните неколку недели, рече тој.

Компаниите Модерна и Фајзер ја почнаа финалната фаза од клиничкото тестирање кон крајот на јули, кога учествуваа десетици илјади луѓе.

Од Модерна денеска соопштија дека се на добар пат да ги дадат прелиминарните податоци од последната фаза.