Бред Пит не е само талентиран актер, туку и многу хуман човек кој тоа повторно го докажа кога пред неколку денови доброволно седна зад воланот од камионот и замина во Лос Анџелес со цел на семејствата во неволја да им достави кутии со храна.
Како што наведуваат медиумите, Бред целиот свој ден го посветил на испораката на пакети, а многумина не го ни препознале додека носел маска. Папараците го сликаа Пит при самиот процес, но и во опуштените моменти додека тој лежерно пиеше сок, облечен во најобични фармерки и карирана кошула преку белата маица.
Фотографиите од Бред Пит наскоро станаа вирални на социјалните мрежи, а обожавателите аплаудираат поради хуманоста, но и непретенциозната елеганција и шарм кои ги поседува актерот на свои 56 години.