Симона Пармачка Блажевска, мајката на малечката Илина која има само 9 месеци и по операцијата на тумор на надбубрежна жлезда, требаше да замине на хемотерапија во Турција, на својот Фејсбук профил вчера објави дека се собрани потребните средства за лекување на нејзината ќерка.

„Со секое ваше споделување, донирање и искрена поддршка допринесовте средствата за лекувањето на нашата Илина да бидат собрани! Нашата Илина добива можност да се избори со болеста на најдобар можен начин, да биде нашиот херој, да биде здраво и безгрижно дете благодарение на вас“
Ѝ посакуваме успешно закрепнување на оваа малечка хероина!