Тејлор Свифт триумфираше на доделувањерто на American Music Awards, но шоуто го украдоа жешките настапи на Џенифер Лопез и Меган Те Сталион во проѕeирни комбинации на облека.
Џеј Ло (51) за време на настапот со колумбискиот пејач Малум ги покажа облините во тесна облека, а за клипот што го објави на Инстаграм, доби повеќе од 3,7 милиони лајкови, како и бројни комплименти.
Лопез запрепасти многумина танцувајќи на столче среде сцената, при што и се придружија Малума и другите танчери.
25-годишната раперка Меган Ти Сталион тогаш ја запали бината со својот нов сингл Body. „Моето тело е мое и никој друг не го поседува освен мене“, пееше ѕвездата од Хјустон.