Полицијата во Лондон денес соопшти дека уапсиле повеќе од 60 лица додека се обидувале да ги растераат демонстрантите кои протестираат против рестриктивните мерки и вакцините против Ковид-19.

Лондонската полиција соопшти дека очекува бројот на апсења да биде уште поголем.
Демонстрантите беа уапсени за различни кривични дела, вклучително и кршење на ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на коронавирусот.

На демонстрантите кои протестираа против ограничувачките мерки им се придружија и групи кои се спротивставија на примањето на вакцини против Ковид-19.

Според еден полицаец, на протестот учествувале меѓу 300 и 400 лица.