Јавната презентација на „финансиските тешкотии“ на американскиот рапер Кание Вест му донесе неочекувана понуда од младиот син и наследник на саудискиот крал Салман, принцот Мухамед. Понудата е крајно едноставна – 10 милиони долари за една вечер со Ким Кардашијан.

Самопрогласениот „најголем уметник на сите времиња“, Канје Вест, објави дека има личен долг од 53 милиони долари и побара помош од Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук.

„Неговата музика или облека воопшто не ме интересира, но неговата сопруга е богатство од непроценлива вредност. Би сакал да платам 10 милиони долари или повеќе за да поминам една ноќ со неа“, изјави принцот за медиумите.

Ниту Канје Вест, ниту Ким Кардашијан се уште не реагирале на понудата, што веќе предизвика бурни реакции од различни феминистички организации.

Во интервју за Си-Би-Ес, портпаролката на „Women Network“, Џејн Остин, ја нарече понудата „навреда за жените ширум светот“, велејќи дека тоа покажува како жените продолжуваат да се третираат како предмети во одредени делови на светот. Националната организација на жените дури повика на протест, што ќе се одржи пред саудиската амбасада во Вашингтон, во сабота.