Серијата „Сексот и градот“ се враќа на ТВ екраните, но без Саманта

Некатегоризирано 11. Јан 2021. @ 18:50

Популарната серија Сексот и градот ќе добие уште еднасезона. Во новите епизоди ќе учествуваат Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Продуцентите откриваат дека новата сезона има 10 епизоди во времетраење од по половина час.

Актерките веќе споделија кратка најава за новите епизоди на своите социјални мрежи.

„Не можев да не се запрашам, каде се сега? напиша Сара Џесика Паркер заедно со видеото.

За многу љубители на серијата, големо разочарување е што Саманта Џонс, која ја игра Ким Катрал, нема да се појави во новата сезона.

„Серијата без Саманта нема смисла“, „Саманта беше најдобриот лик“, „Обидете се да контактирате со Ким“, „Без Саманта ова ќе биде премногу лошо“, се само дел од коментарите.

Ким во повеќе наврати изјави дека го оставила ликот на Саманта зад себе и не е тајна дека не се согласувала добро со своите колешки.

Од продукцијата најавија дека оваа сезона ќе ги следат Кери, Миранда и Шарлот додека се преселуваат од комплицираната реалност на живот и пријателство во триесеттите во уште покомплексен живот и пријателство во педесеттите години.

Инаку, серијата Сексот и градот беше премиерно прикажана во 1998 година и се прикажуваше до 2004 година.


Be the first to write a comment.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *