Жоан Лапорта се надева дека Лионел Меси ќе игра на „Камп Ноу“ дури и откако ќе биде обновен по четири години, додека тој инсистираше дека неговата главна цел доколку биде избран за претседател на Барселона е да ја задржи аргентинската суперarвезда.

Гласините за иднината на Меси не престанаа, особено сега кога има само уште пет месеци од договорот со клубот.

33-годишниот напаѓач инсистираше да си замине минатото лето, но беше принуден да го повлече барањето, откако беше загрозен од Ла Лига и Барса со правна постапка.

Како и да е, Меси сега е слободен да разговара со други клубови пред можно бесплатно заминување на лето.

Лапорта беше човекот кој му даде шанса на Меси да дебитира за Барса во 2004 година и тој ќе учествува на изборите на 24 јануари за повторно да стане претседател на Барселона, со цел да го задржи капитенот на клубот уште подолго.

Плановите за зголемување на капацитетот на „Камп Ноу“ на 105.000 места се веќе направени и овој проект би можел да биде завршен точно на 125-годишнината на клубот за четири години.

Лапорта сака Меси да биде централна и фронтална фигура кога ќе започне новата ера.

„Се надевам дека ќе можеме да ја прославиме 125-та годишнина од клубот на новиот Камп Ноу со Лео во нашиот состав. Прашањето на стадионот не е лесно затоа што се потребни две години за да се изгради“, рече Лапорта.

„Случајот на Лео е полесен од оној на стадионот. Би било многу добро да ја имаме таа годишнина со Меси”.