Покрај неговиот генијален ум што никој не може да го оспори, Никола Тесла имал многу навики што другите не ги разбирале и поради тоа честопати го нарекувале „луд научник“.

Ова се некои од навиките и особините на Тесла…

Му се слошувало кога ќе видел кајсија.
За ручек, задолжително прво во глава ги пресметувал димензиите на чинијата или шолјата.
Кога ќе почнел да чита некоја книга, потоа морал да ги прочита сите дела од тој автор.
Имал хиперсензитивен слух и вид, па голем проблем му претставувале инсектите како комарци и муви.
Бил левак, но со текот на времето успеал да ја истренира и десната рака, па често ги користел наизменично.
Секогаш ги броел своите чекори и ја пресметувал оддалеченоста на некој објект или зграда од себе, а потоа и времето и својата просечна брзина.
Обожавал гулаби, па дури и на прозорецот од својата соба имал импровизирана амбуланта за повредени гулаби.
Не поднесувал жени со обетки и бизарни помодарски фризури.
Бил опседнат со бројот 3 – од бројот на салвети за ручек до бројот на хотелската соба.