По 18 месеци во Мадрид, несреќниот српски репрезентативец Лука Јовиќ ќе го напушти Реал, тврди реномираниот фудбалски портал goal.com.

До крајот на сезоната тој ќе го носи дресот на Ајнтрахт од каде летото 2019 година се пресели на Бернабе. Бундеслигашот остана во добри спомени на Јокиќ бидејќи таму на 75 натпревари постигна 36 гола и беше еден од најдобрите голгетери во германското првенство. И Ајнтрахт по добро го памети Србинот затоа што на него заработи 63 милиони евра.

Оваа сезона Јовиќ одигра само пет натпревари, неколку пати се повреди, па се зарази со корона и не ги оправда очекувањата. За 18 месеци во Реал, тој одигра 32 натпревара со само два гола.