Според последните податоци од словенечкиот Институт за јавно здравје, минатата година во Словенија се регистрирани 2.891 смртен случај од коронавирус, од кои 1.682 случаи се корисници на домовите за старите лица, што е 58% од вкупно починати како последици на Ковид-19, изјави директорот на Институтот, Милан Крек.

Тој зборуваше за моралитетот и последиците на епидемијата на полулацијата, Крек рече дека по стапката на староста на популацијата, Словенија може дас е мери со сверниот дел на Италија, каде што процентот на починатите во домовите за стари лица бил 39%, иако е низок во однос со Словенија.

Најмногу смртни случаи во Словенија се забележани кај лица постари од 85 години, но смртните случаи се забележани и во група на лица од 25 до 34 години, а минатата година жена починала во 31. недела од бременоста како последица на коронавирус, рече Крек, кој додаде дека лекарите успеале да го спасат бебето.

Во Словенија во 2020 година починале 3.135 лица повеќе од 2019 година.