Отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската унија (ЕУ) треба да се случи и се надевам дека ќе успееме да го постигнеме тоа оваа година, изјави денеска амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн и додаде дека како дипломат е ноторна оптимистка и изрази уверување оти може да се постигнуваат цели ако доволно напорно се работи на нивно исполнување.

„Нема друга алтернатива. Исполнети се сите услови од страна на Северна Македонија. Во текот на следните недели многу е важно да има соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија во оние области и сегменти каде нема разлики во мислењата, со што ќе се докаже дека постои добра соработка“, нагласи амбасадорката.