Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија денеска ги лишиле од слобода Н.Т. (19) и А.Р. (22), двајцата од Скопје, затоа што при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, била пронајдена марихуана, соопшти МВР.

Од таму уште додават дека осомничените биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.