Италија ја продолжува вонредната состојба до крајот на април, бидејќи сè уште нема знаци на забавување на ширењето на инфекцијата, рече денеска министерот за здравство Роберто Сперанца.

“Минатата недела, ситуацијата со епидемијата генерално се влоши, повторно сме во фаза на ширење на инфекцијата. Поради индикаторите за влошување на состојбата, владата смета дека е соодветно да се продолжи вонредната состојба до 30 април”, рече министерот.

Од избувнувањето на инфекцијата во февруари 2020 година, во Италија починале 79.819 лица од ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус. Тоа е втор најголем број на жртви од ковид-19 во Европа и шести во светот.

Во Италија досега се пријавени вкупно 2,3 милиони случаи на ковид-19.