Стриминг платформата Netflix објави дека ќе прикажат дури 70 филмови во 2021 година.

Ваквата состојба стана можна во 2020 година, бидејќи киносалите не работат поради пандемијата на коронавирусот.

На списокот со филмови е вклучен и „Red Notice“ во кој играат Двејн Џонсон, Рајан Рејнолдс и Гал Гадот, како и продолженија на романтичните комедии „The Kissing Booth“ и „To All the Boys I’ve Loved Before“.

Постојат и многу драми, вклучувајќи го и режисерското деби на Хали Бери и приказна во која играат Леонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс.