Откако полицијата од американската држава Викторија на социјалните мрежи објави фотографија од криминалецот што го бараaт, многу жени започнаа да коментираат дека тој е многу привлечен.

Џес Мабилиа (28) е баран од полицијата затоа што прекршил судски налог, а фотографијата е споделена на официјалната Фејсбук страница на полициската станица. Сепак место да добиваат информации каде се наоѓа бараниот криминалец, на нивната објава на Фејсбук почнаа да се редат коментари во кои криминалецот добива комплименти.

„Се надевам дека ќе го најдам на Тиндер пред полицијата“, „Да бев барем 40 години помлада“, „Крши судски наредби и женски срца“, „Нека дојде кај мене да се скрие“, „Новиот Кристијан Греј, освен што овојпат ќе носи лисици “, „Да можев да пријавам дека се крие во мојот кревет… “, се само некои од коментарите.