Македонската ракометна репрезентација со чартер лет од Скопје за Карио патува кон Египет каде ги очекува настапот на Светското првенство.

Со променет состав и со желба за докажување дваесетмината избраници на Брестовац се пред нов сериозен тест.

Останува непознато дали Македонија ќе има време за тренинг пред утрешниот натпревар со Швеѓаните. По пристигнувањето ги очекува ново Ковид-19 тестирање и каратин до добивањето на резултатите.

Македонија е во групата со Шведска, Египет и Чиле.