Интер закажа дуел со Милан во четврфиналето од Купот на Италија, со голот на Ромелу Лукаку во 119. минута, „нероаѕурите“ славеа со 1-2 на гостувањето кај Фиорентина.

Дерби на Милано во Купот на Италија, Милан ќе се сретне со Интер во четвртфиналето. „Нероаѕурите“ закажаа дуел со градскиот ривал откако попладнево со 1-2 триумфираа на гостувањето кај Фиорентина.

Резултатот беше отворен во 40. минута, судијата покажа на белата точка со помош на ВАР а Видал погоди за 0-1.

Веднаш беше досуден пенал и за Фиорентина, но со ВАР беше поништена одлуката. Домаќините сепак стигнаа до изедначување во второто полувреме, Куаме погоди за 1-1 во 57. минута.

Интер се обиде да се врати во предност, имаше неколку шанси, но мрежите мируваа до крајот на регуларниот дел, па се играа продолженија. Фиорентина одолеваше на нападите, и кога се чинеше дека ќе има пенали, дефанзивците на домаќините го оставија Лукаку сам како дух во 119. минута, а напаѓачот со глава погоди за 1-2.