Целиот тутун ќе биде откупен. Тутунарите треба да ги пријават вишоците во подрачните единици на Министерствто за земјоделство. Откупот ќе биде интензивиран и ако има потреба рокот за откуп ќе биде продолжен за две до четири недели. Досега се откупени 40% од количините од ланската реколта и јасно е дека квалитет е полош од претходните години, затоа и цената е пониска.

Тутунарите велат дека во последниот период има забрзан откуп на тутунот и бараат ако има потреба вагите да работат и во сабота.

Заради полошиот квалитет просечната цена на тутунот годинава изнесува 167, 5 денари за килограм. Незадоволни од неа дел од тутураните организираа и протести пред Нова година.