Во Британија, во последните 24 часа се евидентирани 47.525 новоинфицирани со ковид-19, а уште 1564 лица починале како резултат на инфекцијата.

Ова е најголемиот дневен биланс на жртви во таа земја од почетокот на пандемијата. За време на првиот бран, најголемиот број смртни случаи е забележан на 21 април, со 1.166 смртни случаи.

Вкупниот број на евидентирани случаи во таа земја се искачи на 3.211.576, а смртни случаи на 84.767.