Вчера во Словенија се случила страшна несреќа, кога две малолетнички правеле селфи пред воз што доаѓал со голема брзина.

Едната загинала, а другата успеала да отскокне, но поради шокот завршила во болница, пренесуваат медиумите.

Несреќната 14-годишна малолетничка која починала вчера и нејзината врсничка правеле селфи меѓу шините долж железничка платформа пред возот што доаѓал од правецот на Љубљана со голема брзина.

Возачот на локомотивата предупредувал на претстојната опасност со звучни сигнали, на што девојчињата не реагирале, го опиша трагичниот настан полицискиот портпарол Миран Шадл во денешната изјава за печатот.

Според него, девојчињата се одбиле да се спасат во последен момент, но едното не успеало и починало на самото место од тешките повреди, а другото завршило во болница поради шок.

Криминалистите продолжуваат да собираат информации, но веќе го отфрлиле сомнежот за самоубиство или туѓа вина во несреќата и ја отфрлиле можната одговорност на машиновозачот.

Како што дознава мариборскиот весник Вечер од извори блиски до полицијата, истражителите се прашуваат дали трагедијата можеби не е резултат на некој опасен предизвик со кој подоцна се фалат тинејџерите како потфат на социјалните мрежи.