Мнозинството во Преставничкиот американски дом изгласа имичмент на американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата улога во нападот на Капитол минатата недела од негови приврзаници. Гласањето помина со 232 гласови „за“ и 197 гласови „против“. Гласањето беше иницирано од Демократите, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом и следеше со неколку часовна емотивна дебата.

Десетина републиканци им се придружија на демократите во поддршката за импичмент поради „наводно потикнување на немири “во институциите. Ова е втор пат да се бара отповикување на Трамп. Првиот пат беше во 2019 година поради зделките со Украина, но Советот во 2020 гласаше со поинаку со ослободителна одлука. Потегот на демократите следува откако потпретседателот Мајк Пенс го игнорираше нивното барање ден претходно да се повика на амандманот 25 со кој би се прогласил „Трамп за неспособен да ги извршува овластувањата и должностите на неговата канцелација“.

Додека траеше дебатата за импичмент, војската се подготуваше за можно насилство во пресрет на инагурацијата на неговиот наследник Џо Бајден на 20 јануари. Трамп објави соопштение со кое го обесхрабрува насилството.

Сенаторот на мнозинството републиканецот Мич Меконели ги отфрли повиците на демократите за отповикување на Трамп, посочувајќи дека сега не е време да се бара импичмент на неколку дена пред Трамп да го напушти претседателскиот кабинет.

„ Ние знаеме дека претседателот на САД ги отповика своите приврзаници, го отповика овој вооружен бунт против нашите земји“ изјави тој.
Од друга страна Ненси Пелоси која како претставничка на Демократите го предводи барањето за имичмент изјави дека Трамп мора да замине.

„Тоа е јасна и присутна опасност за нацијата што ја сакаме“ изјави таа.

Според неа луѓето што упаднаа во Капитол „ не се патриоти “ туку станува збор за „ домашни терористи“.

Републиканците кои што го бранеа Трамп во Преставничкиот дом изјавија дека демократите непотребно излегоа со барање за негово отповикување во последните денови од неговото четиригодишно владеење.

„ Секогаш се работеше за добивање на претседател, без разлика на се. Тоа е опсесија, опсесија што се шири. Не станува збор само за импичмент, туку и за откажување , од претседател и секој што не се согласува со нив,“ изјави републиканецот Џим Џордан во неговото излагање во Претставничкиот дом.

Процедурата за импичмент сега се сели во горниот дом на американскиот Конгрес, Сенатот, каде за да биде успешна потребно е да биде поддржана од 2/3-тини од Сенаторите, што значи дека најмалку 17 Републиканци треба да ја поддржат.

Доколку и Сенатот го потврди импичментот на Трамп, тоа се уште не е доволно да му биде забрането да врши јавна функција во иднината.

Но, ако судењето во Сенатот заврши со потврда на импичментот, Сенаторите потоа може да одржат дополнително гласање со кое експлицитно ќе му забранат да се номинира повторно за претседател на државата. Таквата одлука може да биде усвоена со просто мнозинство гласови.