Собранието денеска во 12 часот во рамките на 29-та седница треба да ја продолжи вчера започнатата расправа за Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се согласни дека треба попис и се за спроведување попис, но, како што велат, според европски регулативи. Според нив, процесот се води скандалозно, без ВМРО-ДПМНЕ и имаат сомнеж за резултатите од пописот.