За 36 дена се дадени околу 28 милиони дози вакцина против коронавирус во 46 претежно богати земји во светот, изјави претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан.

И покрај фактот дека вакцинацијата против Ковид-19 започна во светот, Рајан изрази загриженост за брзото ширење на нов, позаразен вид вирус во некои земји.

Тој рече дека жали што вакцинацијата најмногу се спроведува во побогатите земји, пренесоа светските медиуми.

„Мислам дека досега вакциниравме луѓе со 28 милиони дози. Користени се пет различни вакцини и платформи. Во моментов вакцинацијата се спроведува во околу 46 земји во светот, од кои 38 се богати, а само една може да се нарече многу сиромашна“, нагласи Рајан.

„Постојат земји кои ја сакаат вакцината и им е потребна и тие нема да ја добијат доколку не направиме подобра дистрибуција. Сите мора да работиме повеќе“, рече Рајан.

Тој исто така посочи дека влеговме во втората година од пандемијата, што може да биде потешко кога ќе видиме колку брзо се шири ковидот.

СЗО во најновиот извештај наведува дека минатата недела се регистрирани околу пет милиони нови случаи на коронавирус.