Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) во текот на ноќта забележа два помали земјотреси, едниот со јачина од 2,1 степени според во 3 часот наутро, а другиот со јачина од 1,1 степени според Рихтеровата скала во 16 часот и 30 минути. Епицентарот на двата земјотреса беше близу Лекеник.
Околу 7,45 часот е регистриран земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала со епицентар на половина пат меѓу Лекеник и Глина, а тој се чувствувал сè до Велика Горица и Сесвет.
– Бум, а потоа вибрации, шокот го потресе креветот, накратко, неколку секунди – напиша жител на Сисак на веб-страницата на ЕМСЦ.
– Утрово, на 14 јануари 2021 година, во 07 часот и 46 минути, сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа умерен земјотрес со епицентар кај Петриња. Јачината на земјотресот била 3,2 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот на IV степен од скалата ЕМС – објавија тие.