Секунди го делеле од смрт: Ѓукановиќ во исклучително тешка здравствена состојба
Мило Ѓукановиќ, првиот човек на Црна Гора, минатата недела бил во исклучително тешка здравствена состојба. Упатените тврдат дека од смртта го делеле секунди, а дека преживел благодарение на најдобрите француски лекари кои го спасиле со натчовечки напори. Ѓукановиќ, според сознанијата, од подгоричката клиника, каде тамошните лекари не знаеле како да му помогнат, транспортиран е со авион во Париз, во една од најдобрите клиники. Таму се лекувал неколку дена, по што е вратен во подгоричката болница, во која е се наоѓа и сега, а неговата состојба сега е стабилизирана.

Целата приказна започнала кон средината на декември, кога мајката на Мило починала на 86 години како последица од ковид 19. Неколку дена подоцна направен е погреб, по кој симптомите на корона почнале да ги чувствуваат Мило, неговата сестра, сопруга и неколку пријатели. Мило добил висока температура, дишел отежнато, трпел силни болки во градите. Востановена му е сериозно воспаление на двете белодробни крила, меѓутоа тестот за корона бил негативен. Сепак сместен е на клиника, каде добил најдобар можен третман.

Третиран е како ковид пациент, бидејќи се верувало дека короната веднаш му се спуштила на градите и дека затоа тестот, кој се прави со брис од нос и грло, бил негативен. Лежел една недела и се чинело дека лекувањето оди добро. Околу Нова година дури и излегол од болницата, кога и ја снимил новогодишната честитка за граѓаните. Дома земал терапија, ама му било се полошо. Повторно бил хоспитализиран, ама лекарите биле загрижени, бидејќи и покрај агресивната терапија, не му било подобро. Набрзо после тоа донесена е одлука да се префрли во странство, а изборот паднал на Франција. Таму лекарите практично го спасиле од смрт.