Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска го ажурирал своето членство во неговата партија преку новиот систем, кој овозможува и активна регистрација.
На 21 март партијата ќе бида лидер на директни избори, што е за прв пат, а според СДСМ, тоа е нејзино демократизирање.
„Денеска го ажурирав моето членство во #СДСМ преку новиот систем, кој овозможува и активна регистрација.
Овие денови волонтери и активисти на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија
ширум целата земја ќе пристапат до секој член, офлајн или онлајн, со цел ажурирање на членството на партијата.
На 21 март членовите на СДСМ ќе бираат лидер на партијата на директни внатрепартиски избори, што е водство и пример што треба да се следи кога е во прашање македонската демократија.
СДСМ е прва партија каде секој член има право да го избира својот Претседател на директни извори“, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Тој ги повикува сите членови на СДСМ да го ажурираат членството, во општинските организации или онлајн и заедно да ја реализираат, како што вели, оваа прогресивна внатрепартиска постапка.

Но, повика да се зачленат во партијата и сите оние што имаат порив и желба за тоа.

„Ги повикувам и сите поддржувачи на концептот кој ја води земјата напред кои имаат порив и желба за придонес кон развојот да пријават интерес за членство на следниот линк:

СДСМ победува и СДСМ се менува, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните!“, напиша првиот човек на владејачката СДСМ.