Придавката македонски била и ќе биде во записниците од работата на Мешовитата комисија со Бугарија, уверува шефот на македонскиот тим историчари, професорот Драги Ѓоргиев.

Тој во изјава за Канал 5 појаснува дека напредокот што е направен на вчерашната средба на никаков начин не ја засега употребата на придавката македонски за именувањето на народот, јазикот и историјата, како што објавија некои медиуми.

Напредокот што е постигнат, вели Ѓоргиев, се однесува на техничко ниво, односно за да нема блокада во работата, договорено е во записниците дословно да се цитирааат дискусиите на двете страни, со оглед дека и двете страни остануваат на своите позиции околу придавката.

-Дискусиите ќе се цитраат точно онака како што ги кажале дискутантите, дискусиите.При тоа мора да кажеме дека придавката македонски беше во употреба и пред тоа и сега е во употреба.Само во одредени ситуации тие инсистираат таа придавка согласно со Преспанскиот договор, согласно со договорот што го има меѓу Македонија и Бугарија за јазикот , тука да се применува то договор. И не станува збор за апсолутно целосно не употреба на придавката македонски . Во историски концепт таа придавка ќе се употребува, македонски народ, македонска нација,..Значи на технички начин сите дискусии и нивните и нашите ќе бидат целосно пренесени во записникот. истакна меѓу другото професор Ѓоргиев.

Следната средба, која ќе биде во полн состав и на која ќе се разговара за учебниците и заедничкото славење на Гоце Делчев, е закажана за 25 и 26 февруари..