Повеќе би кажал дека сум отворен и дека зборувам отворено за процесот, за елементите што сакаат да се променат, за концептот и благодарност до медиумите. Во медиумите се води многу поквалитетна дебата и суштинска отколку во институциите. Се покажа дека институциите се затворени, крути, конзервативни, дека не сакаат да дебатираат и всушност тоа е најголемиот минус за почеток на цел овој концепт овие месец два што го слушаме, рече Петар Атанасов во „Утрински Брифинг“.

Атанасов додаде дека очигледно тимот што го предложи концептот и министерството за образование, вклучувајќи го и бирото влегоа недоволно подготвени. И тоа влегоа во концептот без доволно анализи, без големи подготовки и што е најважно без консултации со важни субјекти, факултети, експерти, универзитети. Реакцијата се должи всушност на недоволна подготвена реформа.

– Ако вие сте ги консултирале факултетите, експертите, поширок круг на професори, па и наставници, помалку ќе згрешевте, нагласи Атанасов.

Атанасов посочи дека има многу елементи на кои треба да се внимава и секојдневно да функционираат, а не само да се менуваат.