Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг музичарот Канје Вест се развеле, пренесуваат медиумите.

По седум години во брак Ким и Канје одлучиле да се разделат.Според Асошиетед прес Ким го поднела барањето за развод од познатиот музичар и продуцент.

-Разделбата е пријателска, нема драма, изјавил анонимен извор близок до двојката .

Ким и Канје инаку врската ја започнале во 2012 година, од 2014 беа во брак и имаат четири деца.