Затвореник, кој во саботата избегал од Струшкиот затвор, приведен е синоќа на плоштадот во Охрид, соопшти СВР Охрид.

– На плоштадот „Крушевска Република” во Охрид, синоќа во 19 часот, приведен и од слобода е лишен А.К. (46) од Охрид, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Лицето, додаде тој, е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор- Струга, од каде избегал на 20 февруари во 23 часот.