На 21.02.2021 во 14:30 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Г.Ј.(48), постапувајќи по претходна пријава дека во 13:30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Драчево со остар предмет го нападнал Б.И.(36).

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.