Електронското дуо „Дафт панк“ го потврди своето разделување, што се случи по 28 годишна соработка.

Париското дуо кое се смета за една од највлијателните електронски појави, ја потврди веста преку ново, осумминутно видео со наслов „Епилог“. Во „Епилог“ е прикажана сцена од нивниот научнофантастичен филм „Електрома“.

Во видеото се појавуваат Томас Бангалтер и Гај Мануел де Хомем-Кристо, како пешачат во пустината, маскирани со нивните препознатливи кациги и кожни јакни.

Во видеото е вметната и хорска изведба на песната „Тач“ од 2013 година.

Како што пренесува музичкиот медиум „Пичфорк“, долгогодишната менаџерка на „Дафт панк“, Кетрин Фрејзер исто така ја потврдила разделбата. Причината за разделбата не е позната.

Во продолжение погледнете го видеото со кое „Дафт панк“ ја крунисаа својата кариера.