Подготвени за брз, лесен и исклучително вкусен рецепт кој ќе ви ја задоволи потребата за нешто слатко? Овие чоколадни топчиња се воздушесто меки и нема да дозволите да сопрете на едно изедено парче.

СОСТОЈКИ:
185 мл слатка павлака
400 гр темно чоколадо
70 гр путер
2 лажици ликер по избор
какао во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Павлаката ставете ја во сад и оставете да зоврие. Садот тргнете го од оган и во павлаката измешајте чоколадо искршено на коцки, путер и ликер.

Состојките добро измешајте ги да не останат парчиња чоколадо. Смесата изладете ја и оставете преку ноќ во фрижидер.

Наредниот ден со лажица изработете топчиња, а потоа извалкјате ги во какао.
Уживјате!