Британската влада ќе дозволи делумно враќање на гледачите на фудбалските стадиони во Англија од 17 мај.

Тоа ќе се случи само доколку здравствената состојба дозволува капацитет ограничен на максимум 10 илјади луѓе, објавил денеска премиерот Борис Џонсон.

Планот за олеснување на мерките против коронавирусот, кој Борис Џонсон го претставил пред пратениците, предвидува враќање на гледачите на спортските настани, до четвртина од капацитетот на стадионот, но не повеќе од 10.000 луѓе.

Бидејќи последното коло во англиската лига е на 23 мај, ова значи дека одреден број гледачи сепак ќе го гледаат финалето на шампионатот.

Во Англија на почетокот од декември на кратко беа отворени стадионите за до 4.000 гледачи, но поради појавата на нов, позаразен сој на вирусот, таа одредба наскоро е укината.

До половина од капацитетот може да се искористи за спортски настани на затворено, но тој број не смее да надминува 1000 луѓе.