Колегата на македонскиот голман Никола Митревски од Порто, Алфредо Кинтана доживеа срцев удар на тренинг, по што веднаш морале да реагираат медицинските лица на клубот.

Порто ја потврди информацијата, а во следниот период ќе се знаат повеќе информации за состојбата на искусниот чувар на мрежата кој во Порто е од 2010 година.