Алекса Балашевиќ, синот на Ѓорѓе и Оливера, уште минатата година раскажа за големата љубов на неговиот татко и мајка и истакна колку е горд на фактот што е нивно дете.

“Денес е премногу лесно да се биде славен, и јас не сум само дете на славни родители, туку дете на големи луѓе. Божествени. Уметничка династија. На глобални авторитети”, рече тој во интервју за српски Хало.

“Дали тоа е олеснителна или отежнувачка околност? Доаѓа на исто, како и кај секое дете, нормално и исправно”, додава тој.

Во тоа време, Алекса раскажал и за неговата свршеница Николина.

“Љубовта кон моите Ѓоле и Оља е уникатна. Таа не постои никаде на светот. Мајка ми ме советува да бидам единствен. Секогаш има шанси за добрите и небесни луѓе. И јас и Никана сме такви, сосема поинакви од другите “, заклучил тој.

Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ се венчале на 7 мај 1981 година, на скромна церемонија во Нови Сад и имаа две ќерки Јелена и Јована и синот Алекса.