Пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов, во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека од најавениот петти пакет антикризни мерки од страна на власта нема да има ништо, додавајќи дека до сега нема ништо стигнато во собранието.

-Сакам јавноста да знае дека тоа што се случува во правосудството, тоа што се случува во другите сектори се случува и во економијата бидејќи секој веќе знае дека петтиот сет на мерки пакет само што не почнал да функционира, дури ми се јавуваат луѓе да ме прашуваат кога почнува да функционира, но да ја известам јавноста дека до денес до 15:30 часот до Собранието на Република Македонија нема пратено ништо од петтиот пакет на мерки. Ниту П од петтиот пакет на мерки нема, и денеска во собранието само се разговара дека оваа недела нема да има пленарна седница, вели Пренџов и додаде:

Значи како сме тргнале вака, уште повеќе од месец дена нема да има од петтиот пакет на мерки. Реалноста е дека тие нема да почнат и дека реалноста воопшто не е таква како што се прикажува од страна на власта.
Во однос на странските инвестиции, Пренџов потенцираше дека таму состојбата е два напред, три назад, објаснувајќи дека додека потпишуваат две нови странски инвестиции, три си заминуваат од Македонија.
Второ, во однос на странските инвестиции граѓаните велат дека таму се два напред, три назад, односно дека имаме два потпишано нови договори на странски инвеститори, а три си имаат заминато. Значи две носиме, а три си одат од Република Македонија.

Пренџов, нагласи дека граѓаните во Македонија живеат тешко укажувајќи дека мерките на власта не дале никаков резултат бидејќи во моментот има 57.039 нови невработени граѓани, како и 6214 фирми затворени, и околу 140.000 граѓани кои земаат пониска плата.

-Јас само ќе потсетам дека во моментите кога се носеа тие странски инвестиции, кога беа реални и кога се градеа тие фабрики, главни критичари на тие плати кои што тогаш ги земаа беа СДСМ, а денеска гледаме дека едно релативизирање дека за 1 процент била зголемена платат или била намалена. Во Република Македонија се живее тешко и ние имаме 57.039 нови невработени, и имале 6214 фирми помалку оваа година, и имаме некаде околу 140.000 граѓани кои што имаат намалени плати, кажа пратеникот Пренџов.