Американскиот претседател Џо Бајден ќе нареди сите американски знамиња пет дена да се спуштат на половина копје.

Тоа е во спомен на повеќе од половина милион луѓе кои починале во Америка поради пандемијата на коронавирусот, објави Њујорк МСНБЦ на Твитер.

Пред нешто повеќе од еден месец, непосредно пред инаугурацијата на Бајден, Америка ги обои сите високи, познати згради во САД во црвена боја, во спомен на 400.000 жртви во тоа време.