Познатиот француски глумец Жерар Депардје е обвинет за силување и сексуално вознемирување кое наводно го направил во 2018-та година врз една млада 20 годишна француска глумица.

Иницијалното обвинение против 72-годишниот Депардје покренато во 2019-та година е одбиено поради недостаток на докази , но минатото лето истрагата е повторно отворена и резултирала со покренување тужба во декември,пренесуваат светските медиуми.