Денеска во селото Виничани, Општина Градско се случи немил настан.
Непознати сторители ја искршиле оградата која беше поставена околу селската џамија.

Џамијата во Виничани е изградена пред повеќе од 400 години, а пред десетина години се урна покривот на истата. Иако дел од селаните со исламска вероисповед на Виничани иницирале и барале од локалните власти да им дозволи да ја саниранаат, за да имаат каде да ги вршат верските обреди не наишле на слух и не им било дозволено од страна на Општината Градско, каде припаѓа селото Виничани.

Деновиве со помош на донација, прописно беше поставена ограда околу објектот, со цел да се заштити од узурпација и целосно уништување.

Меѓутоа денес во вечерните часови група несовесни жители на селото ја искршиле оградата, што предизвика гнев и револт кај жителите муслимани од Виничани.