Не е невообичаена појава инфлуенсерките на Инстаграм да добиваат приватни пораки од секаков вид, но она што ја изненади реалити sвездата Рози Вилијамс е понудата за сексуални услуги.

Како што објаснува Рози, поранешна учесничка во британското реалити шоу ,,Љубовен остров”, неодамна добила покана од маж од Дубаи, кој и понудил над 110.000 евра, како и облека и торби, во замена за нејзиното друштво.

„Или добро го правиме тоа па не ги споменуваме, или веќе сме го направиле со нив, но се срамиме“, вели Рози.

Тајн-Лекси Кларсон, исто така учесник на ријалити шоуто, открива дека и била понудена парична компензација за сексуални услуги. Таа добила понуди пред да се појави на шоуто , кога имала само 19 години.

Првично, сакале да и ’платат близу 25 000 евра за вечера со пијалок, но таа добила друга покана со понуда од 60 000 евра за пет вечери во Дубаи. Со парите и луксузот, се потпишува и договор за доверливост, што ќе ја спречи да открие на што била принудена да прави таму.

Тајн-Лекси ја одбила понудата, но сега е загрижена за другите инфлуенсерки кои прифатиле нешто во замена за „живот на висока нога“, пишува Унилад.

Таа вели дека богатите господа никогаш лично не и се обраќале , туку имаат пратеници кои преговараат за секс во нивно име.

Една жена со лажно име Изабел откри во британските медиум дека и се обратил 10 години постар маж. Тој имал фетиш дека е финансиски доминантен во однос на својот партнер, па на Изабел и подарил торби вредни по неколку стотици евра.

Нивната размена продолжила уште 18 месеци кога мажот понудил да и ’врати долг од скоро 6.000 евра. За возврат, тој сакал да ја однесе во кревет.

За неа, оваа размена на стоки не била иста како проституцијата, туку насочена врска што се развивала со текот на времето. Тајн-Лекси Кларсон не се согласува.

“Станува збор за елитна проституција. Неколку илјади поубави девојки на Инстаграм сигурно добиле вакви пораки”, вели Кларсон.

Роб Купер, агент кој ги претставува познатите личности, тврди дека мажите со статуси на Инстаграм добиваат слични понуди.