енифер Анистон откри урнебесен трик како успеала да не го истутка фустанот (ФОТО)
watch_later 23. ЈАНУАРИ 2020. @ 15:31 timelapse 1 МИН.
Џенифер Анистон откри урнебесен трик како успеала да не го истутка фустанот (ФОТО)
Доделувањето на наградите САГ го обележа и фустанот на Џенифер Анистон кој „сокри сè и не сокри ништо“, но и хемијата која, изгледа, сè уште постои помеѓу неа и Бред Пит.

Белиот сатенски фустан од модната куќа „Диор“ под кој убавата актерка не носела градник ѝ обезбеди за неа уште повеќе да се зборува. Но, вистинска мака е да се носи тоалета од овој материјал бидејќи лесно се тутка.

На својот Инстаграм-профил, славната актерка на духовит начин покажа како седела во автомобилот за да не го истутка прекрасниот фустан, а потоа им се заблагодари на своите колеги за освоената награда, земајќи предвид дека станува збор за признанија што ги доделуваат актерите на своите колеги – актери.