Нашата позната пејачка Антониа Гиговска мами воздишки со својот неверојатен стајлинг на вечерашните MAC награди.

Младата Антониа облечена во монохромна комбинација уште еднаш докажа дека на стилот можат да и позавидат многу познати ѕвезди.

Пејачката овој бел стајлинг одлучи да го пополни со минимален накит и впечатлив црвен кармин кој одлично ѝ прилега. Таа сепак се одлучи за комфор и совршено ги вклопи белите патики во стајлингот.

И посакуваме среќа на Антониа, која е номинирана за најдобар женски вокал, а нејзината песна „Никогаш не вели никогаш“ се наоѓа во топ 5.