23-годишната Џенифер Гејтс, најстарата ќерка на милијардерот Бил Гејтс, се сврши за 29-годишниот Најел Насар од Египет. Таа ја објави веста на Instagram, покрај нивна заедничка фотографија, пренесува CNN.

„Се чувствувам како најсреќниот човек во светот. Џен, ти си сè што отсекогаш сум посакувал и многу повеќе од тоа“, вели Најел.

И двајцата делат голема љубов кон коњички спортови.

„Тој е професионалец, јас ова го правам како аматер за да може заедно ја да споделуваме љубовта и страста кон коњите“, изјави Гејтс за CNN минатата година.

Насар на Instagram објави две фотографии во кои вели дека Џенифер ја прифатила неговата брачна понуда. Инаку, Насар е роден во Чикаго, но израснат во Кувајт. Неговите родители се богати и имаат архитектонска фирма. Потекнуваат од Египет. Првиот коњ му го купиле на 10 години. Насар има и брат.

Со текот на годините неговата љубов кон коњите пораснала и тој тренирал во различни делови во светот, вклучувајќи ја и Европа. Според Egypt Today, Насар јава коњи од негова петгодишна возраст, а веќе на колеџ професионално се бави со овој спорт. На 10 години почнал со скокови и од 2013 година се натпреварува. Насар јава за Египет и има освоено прво место во различни натпревари. Има дипломирано економија на Стенфорд, зборува англиски, арапски и француски јазик.

Во врска се од 2016 година.