Најголемата приватна куќа на светот е изградена во 2010 година и се наоѓа во Мумбај, Индија.

Куќата наречена Антилија е изградена во 2010 година и на носи титулата најголема притватна куќа на светот. Всушност, станува збор за солитер со 27 спратови, чија површина изнесува неверојатни 37.161 квадратни метри.

Она што е уште поинтересно е дека целата куќа ја користи четиричлено семејство, а за секојдневното одржување е потребен персонал од 600 луѓе.

Антилија не е само најголемиот дом на светот, туку и најскапиот имот на светот. Вредноста се проценува на повеќе од милијарда долари, пишува порталот „Кликс.ба“.
Објектот е дизајниран од компанијата „Перкинс енд Вил“ од Чикаго, а градежните работи ги изврши австриската фирма „Лејтон енд Вил“.

Солитерот е висок нешто помалку од 167 метри и има 27 ката со многу високи плафони. Кога ќе се земе во предвид висината на просечниот плафон оваа зграда би можела да има и до 60 ката.

На кровот има доволно простор за да слетаат три хеликоптери, а на највисокиот спрат има специјална соба за контрола на летови. Потоа следи станбениот дел, а потоа и катовите наменети за пресоналот кој работи на одржување, катови со апартмани за гости, базен, спа, отворени градини, кино со 50 седишта, а на дното се катовите кои се користат како гаража во која може да се паркираат повеќе од 200 автомобили.

Антилија може да издржи земјотрес од осум степени по Рихтер, а дизајнирана е да зачува што повеќе енергија преку користење на пасивна вентилација и градина за ладење. Кога пасивната енергија не е доволна, тука е и големата „ледена соба“ која ја одржува зградата постудена од било кој објект во градот.

Вредноста на зградата се проценува на повеќе од милијарда долари, а индиските медиуми пишуваат дека изградбата чинела двојно повеќе.

Доколку се прашувате кој живее во оваа куќа, станува збор за најбогатиот индиец во светот и неговото семејство, Мукеш Амбани.

Според Форбс, индиецот „тежи“ над 50 милијарда долари во моментов. Компанијата „Reliance Industries“ на чие чело е токму Мукеш Амбани, е активна во повеќе бизниси како нафта, гас, текстил, трговија, телекомуникации, издаваштво… Оваа бизнис империја е основана во 60-те години од таткото на Мукеш, Џирајлал Амбани заедно со негов роднина. Команијата на Амбани е најголемата индиска компанија според пазарна капитализација, со годишен приход од над 50 милијарди долари.