Седум гола, пресврти… Баер Леверкузен во луд меч до три бода од дуелот со Борусија Дортмунд
Мини дербито во 23 коло од германската „Бундеслига“ беше одбележано со дури седум погодоци, меѓутоа на крајот трите бода ги освоија домаќините.

Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд одиграа фантастичен меч за сите големи љубители на фудбалот, а мини дербито во редовното коло од „Бундеслигата“ беше одбележано со дури седум погодоци, за конечни 4-3 во корист на домаќините.

Најпрво Воланд во 20. минута донесе почетно водство за домаќините, за две минути подоцна Хумелс да израмни на 1-1, а веќе во 33. минута Џан на своето деби за „Милионерите“ со еден фантастичен гол да донесе и пресврт за гостите.

Меѓутоа, на две минути пред крајот на првото полувреме Воланд со својот втор гол израмни на 2-2 и навести уште поинтересно второ полувреме.

Во 65. минута Гереро повторно ги доведе гостите во водство, овој пат од 2-3, меѓутоа Баји со голот во 81. минута, како и погодокот на Бендер минута потоа донесоа три мошне вредни бода за Баер Леверкузен во трката за место во Лигата на шампионите за идната сезона.

За утре на програмата е воедно и вистинското дерби на колото, каде силите ќе ги одмерат првопласираниот Баерн Минхен и екипата веднаш под лидерот, Лајпциг.