Ајрленд Болдвин (24), ќерка на актерот Алек Болдвин (61) и Ким Бесинџер (66), на социјалните мрежи често објавува фотографии со кои мами воздишки кај посилниот пол, иако е свесна дека со тоа го лути својот татко.

Сега Ајрленд ја повтори истата работа, објавувајќи слика во провокативен костим за капење, преку кој се гледаат нејзините гради, а позата од сауната е посебно предизвикувачка за сите следбеници на нејзиниот Инстаграм профил.

За потсетување, оваа убавица минатата година позираше во танга на балкон, а тогаш Алек Болдвин јавно реагираше.

„Извини.. што е ова?!“, напиша актерот во таа прилика под фотографијата на неговата ќерка.

Но, ова не беше единствен случај.

Ајрленд во една прилика објави и фотографија на мотор и го покажа својот задник, а Болдвин и тогаш јасно и даде на ќерка си до знаење дека таквите изданија не му се допаѓаат.

„Не, те молам ова не“, коментираше Болдвин.